ТЕРА

REKLAMA???

МАСТЕР КЛАС ВО БИТОЛА СО ПРОФ.МОЈЦА СЕДЕУ

Во Државното музичко училиште во Битола се одржа мастер клас за ударни инструменти 

со проф.м-р Мојца Седеу. Со многустраната дејност, промовирајќи интерпретација на различни видови удирачки инструменти, Седеу е една од најактивните музичари на нејзината генерација, а повеќе автори, инспирирани од нејзината креативна изведба, посветиле дела за удиралки.

Мојца Седеу дипломира во својот роден град Скопје. Специјализацијата за удирачки инструменти ја завршува 1995 на Државната музичка академија – Софија, во класата на проф. д-р Добри Палиев, а магистрира 1997 на истата академија. Специјалистичките студии по камерна музика ги завршува во 1998.  Првите оркестарски искуства ги стекнува на 16 години во Градскиот дувачки оркестар, потоа во Танцовиот откестар на МРТВ, МОБ и Македонската филхармонија, а од 1994 е постојан член на Филхармонија.

Добитник е на награда за инструменталисти на интернационалниот натпревар „Музиката и Земјата“ и специјална награда за  интерпретација од Здружение на композиторите, Бугарија 1998 г. Во истата година добива признание за високо професионална презентација на тема „Камерна музика за удиралки“ Performing Arts Center Multimedia, а во 2001 година признанието „Одлична педагошка работа“ – интернационален конкурс „Палиев – Финк“. 2006 г. е добитник на наградата „Георги Божиков“ од СОКОМ.  Од 1998 Мојца Седеу е професор на ФМУ – Скопје, а предава и на државните факултети за уметности во Приштина и Тетово.  Основач е на ансамблот за удирачки инструменти „Сонант“ 1998 година.