Мајсторовиќ се повреди, го пропушта Купот на Македонија во Кавадарци

0
200

Центарот на МЗТ Скопје Аеродром, Ѓорѓе Мајсторовиќ, ќе биде надвор од тренажниот процес во следните десетина дена, откако вчера успешно му беше извршена операција на скршениот нос, повреда која ја доби уште во првата четвртина на неодамнешното гостување кај Блокотехна.

Ова носи дополнителен проблем за тренерот Жељко Лукајиќ, особено пред завршниот турнир од Купот на Македонија (16-18 февруари), со оглед и на повредата на Марко Симоновски, кој подолг период е надвор од стројот. Лекарскиот тим на клубот прави сѐ за да ја забрза рехабилитацијата на Мајсторовиќ, но речиси сигурно е дека ќе ги пропушти средбите во Кавадарци каде што ќе биде доделен првиот пехар сезонава.

До средбата со Фени индустри (16 февруари) во четврт-финалето од Купот, сино-белите на програмата имаат уште два меча и тоа утре, на домашен терен против Куманово (18 часот) и в недела на гости кај Будуќност.