МВР за вчерашната сообраќајка кај Битола

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

На 25.04.2019 во 16:30 часот на крстосницата од ул.„Билбил камен“ со регионалниот пат Р-2331 Битола-Ниже поле, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Алфа ромео“ со битолски регистарски ознаки, управувано од 19 годишно лице од Ресен   и мотоцикл „Дукати Мултистрада“ со холандска национална ознака управуван од 58 годишен  холандски државјанин.

Во незгодата возачот на мотоциклот ., се здобил со  тешки телесни повреди и бил пренесен во Клиничката болница Битола, каде починал.

Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител  и увидна екипа од СВР-Битола. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција, соопшти МВР.

Share.