МВР на Македонија и на Албанија заеднички против потенцијалните терористички закани

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Министрите за внатрешни работи на Македонија и Албанија, Оливер Спасовски и Фатмир Џафај потпишаа протокол за соработка во областа на тероризмот.

Целта е зајакнување на полициската соработка во борбата против тероризмот и финансирањето тероризам.

Министрите во Охрид разговараа и за заедничка борба против трговијата со дрога и оружје и изјавија дека активно ќе соработуваат и преку европските прекугранични програми. Двајцата министри рекоа дека не постои прашање по кое имаат спротивставени ставови.

Share.