МВР: Нема поставено албанско знаме на граничниот премин Богородица

0
212

Целосно неточни и невистинити се информациите и фотомонтажите објавени во неколку веб портали дека на граничниот премин Богородица е поставено знамето на Република Албанија. Таков случај не е пријавен во МВР.

Веднаш после објавувањето на овие невистинити информации беше извршена проверка на посоченото место на граничниот премин Богородица и констатирано е дека таков случај не постои, стои во информацијата на веб страната на Министерството за внатрешни работи.