Меган Маркл и принцот Хари го очекуваат своето второ дете

Среќната вест беше објавена во неделата на 14 февруари, а ја потврди и портпаролот на парот: „Можеме да потврдиме дека Арчи ќе биде голем брат. Војводата и војвотката од Сасекс се пресреќни што го чекаат своето второ дете“.

Најавата беше дополнета со нова фотографија од парот, снимена од нивниот пријател Мисан Хариман. Црно-белата фотографија го покажува парот во градина, насмеаната Меган ја потпира главата во скутот на принцот Хари со раката на нејзиниот стомак. Иако нејзината бременост е јасно видлива, проценетиот датум на породување допрва треба да биде објавен.

 

 

Хариман на „Инстаграм“ напиша: „Мег, јас бев таму на вашата венчавка за да сведочам за почнувањето на оваа љубовна приказна и ,моја пријателке, чест ми е што можам да го доловам моментот кога таа приказна расте. Честитки за војводата и војвотката од Сасекс за оваа радосна вест!“

Британските медиуми пренесуваат реакција на Бакингемската палата на веста дека Хари и Меган го чекаат своето второ дете: Нејзиното височество, војводата од Единбург, принцот од Велс и целото семејство се воодушевени и им посакуваат добро“. Кралското семејство изјави дека било претходно известено за бременоста. Тие веќе се родители на Арчи Маунтбатен-Виндзор, кој е роден на 6 мај 2019 година.

 

Сподели