Меган Маркл кај Опра Винфри заблеска во Армани фустан

Интервјуто на Принцот Хари и Меган Маркл во шоуто на Опра Винфри привлече огромно внимание насекаде околу светот поради контроверзните, искрени и интимни изјави. Но, ова беше и првиот пат оваа двојка да се појави заедно на телевизија откако се откажаа од нивните кралски титули и должности како Војвода и Војвотка од Сасекс и откако го најавија своето второ дете. 
Што мислите дека Меган одлучи да облече за оваа прилика?
Таа избра црн, долг, свилен фустан од колекцијата на Армани со рачна изработка на детали од цветови а за обувки го избра нејзиниот омилен бренд Аквазура овој пат тоа беа високи црни потпетици. Косата и беше собрана во пунџа реп а изгледот го надополна и со аксесоари. ланче од дизајнерот Пипа Смал, Обетки од Мејсон Биркс и дијаманстка белегзија за која се верува дека е од брендот Картиер и тоа од специјалната колекција посветена на  Принцезата Дијана.
Сподели