„Медена земја“ во трката за номинација за „Оскар“

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Македонскиот филм а Американската академија за филмска уметност и наука на 13 јануари официјално ќе ги објави номинациите и тогаш ќе се знае дали македонскиот документарец ќе биде номиниран и во колку категории.

Како што соопшти Американската филмска академија, „Медена земја“ ќе се натпреварува во категоријата документарни филмови во кои влегоа 15 од првично предложени документарци. Исто така филмот останува како еден од десетте номинирани во категоријата Меѓународен филм. И годинава домаќин на „Оскарите“ ќе биде „Долби театарот“ во Холивуд, а церемонијата ќе се одржи на 9. февруари во Лос Анџелес.

Нашиот филм овој месец беше меѓу петте номинирани за најдобар документарец на Европските филмски награди за 2019. Во низата награди што ги доби овој месец е и признанието од „Њујорк тајмс“ за најдобар во 2019, две признанија на Интернационалните документарни награди во Лос Анџелес, најдобар документарец според њујоршките филмски критичари.

На листата на документарни филмови, Медена земја се бори за номинација за Оскар со уште 14 докуметарци, меѓукои „American Factory“, „Apollo 11“, „The Biggest Little Farm“, „For Sama“, „Knock Down the House“, „Maiden“ и „One Child Nation“. На потесната листа на интернационални филмови, категорија која претходно беше позната како најдобар филм од неанглиско говорно подрачје, пак, македонскиот филм се бори за номинација со девет филмови: “The Painted Bird” (Чешка), “Truth and Justice” (Естонија), “Les Misérables” (Франција), “Those Who Remained” (Унгарија), “Corpus Christi” (Полска), “Beanpole” (Русија), “Atlantics” (Сенегал), “Parasite” (Јужна Кореа) и “Pain and Glory” (Шпанија).

Номинираните за Оскар ќе бидат откриени на 13 јануари, додека 92-та годишна церемонија за доделување на наградите на Академијата е најавена за 9 февруари.

Share.