Медена земја со историски две номинации за Оскар

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Приказната за последната одгледувачка на диви пчели, Атиџе, од селото Бекирлија, ја однесе Македонија во центарот на филмските остварувања.

По долго и неизвесно очекување, големиот број на награди и признанија, македонскиот документарен филм „Медена земја“, кој минатата година беше апсолутен светски филмски хит, го достигна врвот, освојувајќи две номинации за Оскар, за најдобар документарен филм, и најдобар странски филм, и се запиша со златни букви во историјата на македонската кинематографија.

Американската филмска академија денес ги соопшти номинациите за 92те оскари, кои како никогаш досега не се следеле во македонската историја.

Вниманието на целата јавност беше насочено кон објавувањето на номинираните филмови и влезот на Медена земја во финалниот круг.

Актерите Џон Џо и Ајса Рае ги соопштија имињата на номинираните филмови, во 24 категориии , кои на 9ти Февруари ќе ја истрчаат последната трка и ќе се борат за златната статуетка.

Досега, најблиску до наградата Оскар, беше филмот на Милчо Манчевски „Пред дождот“ во 1995 година. А за најпрестижната филмска награда, во рамки на Југославија беше номиниран и документарецот „Дае“ на Столе Попов пред точно 40 години.

Share.