Медиумска лабараторија во СОУ „ Јосип Броз Тито “

0
230

Како да знаеме кога новинарите се обидуваат да манипулираат?, Колку е просечната плата на новинарите во Македонија?, Што може да направиме ако некој недозволено објави фотографија или видео без наша дозвола? Сите овие прашања се дискутираа со учениците од прва година од СОУ Јосип Броз Тито, на медиумската лабораторија што ја организираа Висока школа за новинарство и за односи со јавноста и дневниот весник Нова Македонија.

Младите се помалку веруваат во медиумите.

-Тоа ни дава момент за размислување каде медиумите грешат, особено со наливот на новите информации, така што целата оваа медиуска револуција придонесе младите да бидат збунети на кому да му веруваат, изјави Александра Теменугова од Високата школа за новинарство и за односи со јавноста

7 години трае соработката со Високата Школа за новинарство и медиуми.

– Тоа е на радост наша и нашите ученици кои на некој начин во средношколските години за прв пат осознаваат што е вистинска вест што е лажна вест. Многу ни значат овие работилници, изјави Соња Живковиќ Ѓоргиевска професор по македонски јазик

Во македонскиот јазик и литература многу малку е опфатено новинарството.

-На часовите сепак имаме можност низ повеќе примери да укажуваме и покажуваме што е вест, информација репортажа, патопис итн. Низ содржините ѓто ни се како редовна програма, изјави Соња Живковиќ Ѓоргиевска професор по македонски јазик

На интерактивната работилница учениците вежбаа пишување вести, кои потоа ги презентираа пред присутните.

– Медиумската лабараторија е убава прилика практично средношколците да се запознаат со работата на еден медиум, вели Маја Јаневска Илиева фоторепортер од весникот Нова Македонија

Учениците истакнаа дека се задоволни од она што го научиле на ова предавање.

– Задоволен сум од целата работилница. Научивме повеќе за тоа како треба да пристапуваме кон различните видови вести. Како да споредуваме вести и да анализираме. Би сакале да имаме повеќе вакви едукативни работилници во училиште, изјави Леонид Сајков ученик од СОУ Јосип Броз Тито

– Медиумите се многу важни за едно општество, вели Елеонора Димковска

– Вакви предавања се корисни за средношколците бидејќи тука можеме да научиме повеќе за новинарството, преку луѓето кои доаѓаат и ги држат овие предавања, додаде Бесиона Јусуфи

Медиумската лабораторија е во рамките на проектот „Коалиција за медиумска писменост“, при што Високата школа за новинарство и за односи со јавноста и дневниот весник „Нова Македонија“ секој месец посетуваат училиштата низ државата, држејќи предавања за новинарство и за медиуми. Реализацијата е овозможена со поддршка на Европската Унија.