Во Битола викендов по деветти беше организиран меморијалниот турнир „Јованчо Димовски-Начко“.

Турнирот го организира Здружението на фудбалери и спортски клубови ЗФСК „Јованчо Димовски-Начко“ од Битола.

Со своите гости членови на ФК „Враниќ“ од Општина Барајево, Белград, Република Србија, ги одмерија силите во мал фудбал на теренот на спортската сала „Боро Чурлевски“.

Два натпревари во мал фудбал, едниот ревијален помеѓу ветераните на ЗФСК „Начко“ и ФК „Враниќ“ и уште еден помеѓу сениорските екипи.













