Меморијалниот натпревар Црнобуки-Партизан заврши со резултат 4:7

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Попладнево на стадионот во Црнобуки, силите ги одмерија екипата домаќин и ветерани од „Партизан“ кои дојдоа на меморијалниот натпревар во чест на Трајан Кочишки – Куљата.

Црнобуки загуби од Партизан со резултат 4:7.

фото: Сашо Ставрев

Партизан, предводен од Горан Кадениќ и Небојша Вучичевиќ, дојде во Битола на иницијатива на Тодорче Кочишки, претседател на ФК Црнобуки ЗЛ. Натпреварот се одигрува на годишнината од смртта на неговиот татко Трајан Кочишки-Куља, верен навивач на Партизан и член на битолските „Гробари“, кои го изработија најдолгото навивачко знаме во Битола, а воедно и едно од најголемите поставено на стадионот на ЈНА во Белград.

На теренот во Ценобуки беше и директорот на Агенцијата за млади и спорт Драган Каевски, заменик министерот за локална самоуправа Дејан Павлески, претставници на ФК Партизан, градоначалничката на Битола Наташа Петровска и легенди на македонскиот фудбал.

 

 

 

Share.