Менаџментот со отчет за работата на болницата

0
423

За период од една година новиот менаџерски тим на Клиничката болница Битола  даде отчет  за сработеното и реализираното. Од 7 август лани кога болницата доби нов менаџерски тим до денес се  остварени  над стотина нови вработувања, нова опрема , применети нови методи за работа, обнова и реконструкции на повеќе одделенија. Клиничката болница Битола за последната година успеа да реализира 116 нови вработувања на медицински и немедицински кадар, велат од болницата.

-Болницата во Битола е засилена со 32 лекари, 1 дипломиран фармацевт, 1 хемичар, рендген техничар со ВСС, два дипломирани физиотерапевти, 32 медицински сестри, еден физиотерапевт со ССС, 1 акушерка со ССС, два фармацевски техничари, 15 хигиеничари, 9 болничари, и 19 лица немедицински кадар. Значи имаме 116 вработувања и не застануваме тука , се во интерес на пациентите. Со вакво темпо продолжуваме и во годината што е пред нас, велат од болницата.

Што се однесува до опремата , во  болиницата биле набавени 4 ЕКГ апарати, апарат за Гинекологија, кокерентна томографија-за Офталмологија, електрохируршки генератор, два привремени ПМ , еден спирометар, 5 инхалатори, ткивен процесор за Патологија, два апарата за континуирана торакала дренажа, пиштол за корбиопсија. Исто така за овој период  поставен бил во функција нов софтвер за 24 часовен ЕКГ холтер, за одделот ОРЛ набавен бил фибер видео назоларингоскоп, ЕЕГ апарат со холтер, а во постапка биле купување на два апарати за дијадинамик , електричен бобер за Ортопедија, лигашур како донација. Набавен бил и систем за стерила вода, инфузиони раствори, воспоставиле и РИС систем и дизајнирале и поставиле нова ВЕБ страница.

Во Клиничката болница Битола во последната години се применуваат и се воведени нови методи и протоколи на работа на гастрографија, КТ ангиографија, кохерентна томографија, велат од болницата.

Во изминатата година реновирано било Одделението за педијатрија реновирана е итната амбуланта, дневната болница,реновирани биле собите на Неврологија, Интерното одделение добило нова лекарска соба , реновирана била просторијата на Рендген за преглед и биопсија на дојка како и просторот на Неврохирургија. Во тек како што велат од таму е преградување и реконструкција на болничките соби на Хирургија,  поставен е преграден ѕид и затворен пристап кон Анестезија од административниот блок . Реновирана и проширена била амбулантата на ОРЛ и Дерматовенерологија, а  направен бил проекет  и почната била тендерска постапка за реновирање на Хируршки амбуланти, велат од Болницата.  Додаваат дека започнато е реновирање на ходникот во Управата и направена е реконструкција на санитарниот чвор за пациенти на влезот на болницата. Исто така направен бил и проект и најден инвеститор  за рановирање на Ургентната амбуланта на Интерено.

Од болницата велат дека завршена била втората фаза и започната е третата на ставање во функција на акцелераторот во Радио онкологија.