МЕПСО ќе гради 100 километри нови далекуводи

0
271

МЕПСО распиша тендер за изградба на четири нови 110 киловолтни далекуводи, процес во кој ќе изгради над 100 километри нова преносна мрежа.

Проценетата вредност за четирите нови далекуводи изнесува околу 14 милиони евра. Тендерот е отворен до средината на април годинава.

Станува збор за далекуводи кои ќе се градат на постоечки траси што ги поврзуваат трансформаторските станици:  Битола 1 – Прилеп, Скопје 4 – Велес, Штип – Овче Полеи Велес – Овче Поле. Заедничко за овие далекуводи кои ќе се заменуваат со нови е тоа што се постари од 50 години и се поставени на бетонско-армирани столбови.

Новите далекуводи ќе бидат поставени на челично-решеткасти столбови  со нови проводници, овесна и спојна опрема и ќе бидат со поголема пропусна моќ , а новата опрема ќе ги сведе на минимум ризиците од испади. Планирано е градбата на овие далекуводи да заврши во целост до крај на 2020 година.

„Започнавме инвестициски циклус вреден над 50 милиони евра за ревитализацијата и развој на преносната мрежа со кој  ќе дадеме силен импулс и за македонската економија затоа што директно или индиректно ќе бидат ангажирани домашни фирми и стручни профили“, истакна Сашо Василевски, генерален директор на МЕПСО.

Овој голем инвестициски циклус  започна пред шест месеци со ревитализацијата во трансформаторската станица „Дуброво“ по што следуваше и изборот на изведувач за новиот 110 киловолтен далекувод што ги поврзува трансформаторските станици „Штип“ и „Пробиштип“.  Покрај тендерот за 4 нови далекуводи во рамки на овој инвестициски циклус на почетокот на овој месец МЕПСО распиша уште два меѓународни тендери. Едниот е заревитализација на четири трафостаници: „Битола 2“, „Валандово“, „Осломеј“ и „Скопје 4“  со проценета вредност од околу 8 милиони евра. Другиот е за избор на изведувач за  набавка и инсталација на нови системи за релејна заштита за потребите во трансформаторските станици  на хидроцентралите „Глобочица“, „Шпиље“, „Вруток“ и „Тиквеш“