ТЕРА

REKLAMA???

МЕРЕЊЕ НА ШЕЌЕР ВО КРВТА И КРВНИОТ ПРИТИСОК

Над 400 граѓани денес ја искористија  можноста бесплатно да го проверат нивото на шеќер во крвта и крвниот притисок во рамките на акцијата што ја спроведе Комисија за здравство на битолската СДСМ.

Од таму информираат дека медицински лица на две локации во Битола делеа и совети и едукативен материјал за превенција и за заштита на здравјето во пресрет на едукативната трибина под слоганот “Не чекај, превенирај!”

Упатија благодарност и честитки за сите кои волонтерски се вклучија во денешната акција и за членот на Комисијата за здравство, Весна Спиркоска за  како што велат, одличната организација.

Упатија и покана за в среда, 29.11.2023 година, во големата сала во Центарот за култура со почеток во 18.00 часот на трибината за подигање на свеста за превенцијата како клучен сегмент за подобро здравје.