Меркел пред средбата со Заев разговарала со Ципрас на телефон

0
221

Ден пред средбата на Ангела Меркел со Зоран Заев, германската канцеларка остварила телефонски разговор со грчкиот премиер, Алексис Ципрас.

„Двајцата лидери разговараа за начинот на кој се водат преговорите за името на Македонија, провокативните акции на турските воздухопловни сили во Егејското Море и односите помеѓу Европската Унија и Турција“, соопшти Кабинетот на Ципрас.

Грчката телевизија „Скај“ пренесе дека Ципрас ја известил германската канцеларка дека е неопходно решение на спорот за името преку промена на уставното име на соседната држава. „Скај“ тврди дека двајцата лидери договориле неформална средба што ќе се оддржи в петок во Брисел.

Претседателот на македонската Влада, Зоран Заев, денес е  во официјална посета на Гермманија. Освен со Меркел, Заев ќе се сретне и со германскиот претседател, Франк Валтер Штајнмаер.

makfax.com.mk