Метју Меконахи сериозно размислува да се кандидира за Гувернер на Тексас

Дали е Демократ или Републиканец на никој не му е јасно, но тоа не го спречи актерот саериозно да размислува да влезе во политиката и да се кандидира за Гувернер на Тексас. Холивудскиот актер претходно навестуваше дека би сакал да гради кариера во политиката а сега потврди дека сериозно размислува за таквата идеја и верува дека следното поглавје од својот живот ќе биде „во некаква лидерска улога“.

“Не се шегувам во врска со тоа. Размислувам за ново поглавје во мојот живот. Јас всушност се гледам себеси во некоја лидерска улога,“ рече 39-годишниот Метју во онлајн интервју за „Си-ен-би-си“.  Авторот на „Гринлајтс“ додаде дека ќе донесе одлука што е најдобра за него и неговото семејство – вклучувајќи ја сопругата Камила Алвеш и нивните три деца, 12-годишниот син Леви, 11-годишната ќерка Вида и осумгодишниот син Ливингстон.

До изборите во Тексас има уште една година, па да видиме што ќе се случи и дали тој навистина ќе се кандидира. Инаку Метју, исто така, говореше за влијанието што го има пандемијата на Ковид-19 врз заедниците ширум светот. Тој се надева дека луѓето ќе продолжат да согледуваат што е важно откако ќе се смири здравствената криза.

Сподели