Меѓународен музички дијалог во Битола

Синоќа заврши „Меѓународниот музички дијалог“ кој е инспириран од потребата за јакнење на чувството за општествените вредности кои и ќе ги промовираат интеркултурниот дијалог и Европските вредности.

Од МКЦ Битола велат дека преку овој нов пристап ги презентираме културните, општествените и човечките вредности и трендови преку музика. Оваа програма ги обединува уметниците од различни локации од Европа, со различни афинитети, интереси и професионална определба да споделат свои ставови, искуства, вредности користејќи креативни методолошки алатки.

Годинава во „дискусијата“ се вклучија: Helem Nejse – моментално најпопуларен младински хип-хоп бенд во регионот на Југоисточна Европа кој доаѓа од Сараево, Босна и Херцеговина. Позади себе имаат 3 студиски албуми и многу настапи во живо. Од една страна се поставени нивните ангажирани текстови а од друга страна тоа што кај младите важат како бенд за „задолжителна забава“.

Stereo Banana – Српска музичка група која е формирана во Ниш во 2010 година. Феноменално комбинираат хип-хоп, реге, фанк и брејкбит. Правци кои младите ги живеат и уживаат секојдневно.

Love Itoya – Нигериско-грчка уметница, пејачка, танчерча и продуцентка. Осумчлен музички состав кој на улиците на Битола ќе се претстават со афро поп звуци.

Синоќа заврши овој дијалог со концертот на The Balguns, oдличен музички состав од Солун, Грција кој го расплети својот модерен стил и звук користејќи уникатни парчиња од џез, реге, фанк, ска и рокенрол. Интересна комбинација на „музика од светот“ која оди по Балканските патеки.

Овој проект е подржан од министерството за култура.

Сподели