Меѓународен тениски турнир во Битола

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

На терените на Тенискиот клуб Битола од Битола оваа недела се одигра меѓународниот турнир од Календарот на Европската Тениска Асоцијација за јуниори и јуниорки до 14 години. Турнирот се играше на жреб од 64 и беше 3 категорија.

Учествуваа вкупно 80 тенисери (36 јуниорки и 44 јуниори) од 16 држави и тоа: Молдавија, Русија, Украина, Велика Британија, Албанија, Косово, Шведска, Швајцарија, Бугарија, Србија, Грција, Германија, Турција, Романија, Шпанија, и Македонија.

Во категоријата јуниори до 14 години најдобар беше Максим Казац од Молдавија.
Во категодијата јуниорки до 14 години прво место за Тијана Сретеновиќ од Србија.
Во категоријата јуниори во двојки прво место за Томас Алан и Кристофер Смит од Велика Британија.
Во категоријата јуниорки во двојки прво место за Тијана Сретеновиќ и Емилија Здравковиќ од Сбија.
Во оваа категорија второ место освоија Стефанија Кировска и Ива Кузамановска од Македонија.

Во полуфиналето играа Симона Ангелова од Македонија и Ања Станковиќ од Србија, и Ива Данева и Срна Кочишки од Македонија кои го освоја третото место.

На доделувањето на наградите присутна беше и градоначалничката на Битола Наташа Петовска и директорот на РЕК Битола Васко Ковачевски.

Општината и ЕЛЕМ го помогнаа одржувањето на овој турнир. Организаторот им се заблагодари на сите оние кои го помогнаа одржувањето, како и на фирмата Гентерм од Прилеп, чии генерален менаџер  беше присутен на доделувањето на наградите.

Во соработка со тенискиот клуб Топспин дел од натпреварите се играа во Прилеп, а Битола односно тенискиот Клуб- Битола беше домаќин на ова натпреварување.

 

Share.