Меѓународна конференција за информатички технологии во Битола

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Во организација на Факултетот за информатички и комуникациски технологии од Универзитетот „Свети Климент Охридски“ во Битола, во соработка со Техничкиот факултет од Зрењанин при универзитетот во Нови Сад, Србија, денес беше организирана петтата меѓународна конференција, на тема „Применети и информатички интернет технологии“. Оваа конференција се организира наизменично, една година во Битола, а една во Зрењанин.

„Имаме околу 35 научни реферати од 6 земји, околу 50 регистрирани учесници и она што за нас на ФИКТ е посебно важно, годинава организираме и форум со информатичката индустрија од градот ИТ индустријата, со цел да се интензивира соработката, која и досега успешно функционира, но да и се дадат некои нови форми, нови димензии и поголемо вклучување на ИТ индустријата во образовните процеси на ФИКТ, изјави Игор Неделковски, декан на ФИКТ.

Со свое обраќање и поздравен говор, Градоначалничката на Општина Битола, м-р Наташа Петровска, на присутните им посака успешна конференција.

„Очекуваме дека презентираните научни трудови, уште повеќе ќе дадат придонес во поврзувањето на образованието со практичната работа во компаниите, со што на младите генерации студенти од овој факултет, ќе им се отворат врати кон светот на модерната информатичка технологија“, нагласи градоначалничката Петровска.

На конференцијата учество зедоа околу 35 научни реферати од 6 земји.Со нејзиното одржување се продлабочува соработката помеѓу двата универзитети.

– Во разговор со нашите колеги овде зкалучивме дека имаме исти проблем.  Голема е побарувачката за ИТ стручњаци а голем дел од нив заминуваат на запад. Но во последно време се повеќе компании доаѓаат до Запад во Србија, а веројатно и кај вас во Македонија како што слушнавме така што голем дел од младите остануваат тука. Во Зрењанин имаме неколку компании кои вработуваат млади луѓе кои работат тука. Тие млади луѓе ќе останат тука, и се надевам дека тоа ќе биде некоја порака за во иднина , дека и овде може да се живее добро а според мене и подобро како ИТ стручњак, рече професорот од Техничкиот факултет од Зрењанин Жељко Стојанов .

Интересот за информатичката технологија и кај нас, како и во светот континуирано расте, а побарувачката на едуциран информатички кадар е се поголема.

Share.