Меѓународни успеси на членовите на детското ликовно студио

0
485

Во детското ликовно студио „Св. Кирил и Методиј“ се доделија меѓународни награди и признанија на 15 ученици, членови на детското ликовно студио. Тоа се награди и признанија кои ги освоија минатата година на фестивали надвор од Македонија, награди освоени во Полска, Чешка, Бугарија, Романија, Јапонија, Португалија и Индија.

На настанот присутен беше и министерот за култура Роберт Алаѓозоски, а заедно со градоначалничката на Битола Наташа Петровска и раководителот на Студиото Коста Хаџи Антоновски им ги доделија наградите на децата.

Раководителот на Студиото, Коста Хаџи Антоновски, нагласи дека студиото годинава одбележува шест децении професионално ликовно творештво.

Минатата година по 36 ти пат се одржа светскиот реномиран фестивал кој го слави детското ликовно творештво Малиот битолски Монмартр, на кој пристигнаа
10.000 цртежи од 32 земји, учествуваа 90 гости од 14 земји.
За успехот на Монмартарот зборуваат бројките. Колекцијата на уметнички дела во изминатите  изданија е повеќе од 500.000 слики направени од деца од целиот свет. До сега Монмартарот бил домаќин на повеќе од 850 тимови, 4000 учесници, уметнички педагози и други гости. Единствена манифестација е каде под еден покрив се организира светската ликовна колонија и изложба како и светскиот ликовен хепенинг.
Со сечењето на роденденската торта се одбележа роденденот на детското ликовно студио.