Меѓу папратите, прва самостојна изложба на Кети Талевска

Со наслов Меѓу папратите, фотографката Кети Талевска ја презентираше свјата прва самостојна изложба. Се работи за лумен принтови, за фотографии направени од фотоосетлив материјал, без употреба на фотоапарат.

Инаку Кети е добро познат фотограф во фотографските кругови, пред се по фотогафиите препознатливи на нејзиниот начин на работа, во кои се чувствува нејзиниот талент и посебниот фокус на деталите, документирањето на настаните.

Од минатата година започна да се занимава со лумен принт-техниката.
Лумен принт е една од најстарите техники за изработување фотографии.
Лумен принтови – луминограми, тоа се во суштина соларни фотографии кои се прават на фотоосетлив материјал без користење на фотоапарат. Резултатите се единствени и неповторливи. Во денешно време таквите фотографии реферираат на најраните фотографски
експерименти од раниот 19ти век.
И покрај претпоставените ограничувања,
ваквиот начин на изработка на фотографии ни дава скоро бескрајни можности за

експериментирање.

 

Неда Маретиќ
Сподели