Меј ќе побара одложување на брегзитот

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Британската премиерка, Тереза Меј,  ќе упати писмо до претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, во кое ќе побара одложување на брегзитот, објави нејзиниот портпарол.

Најверојатно 27-те членки на ЕУ се спремни следната недела на самитот во Брисел да ѝ дозволат на Британија да го продолжи рокот за брегзит за неколку недели, ако пред тоа не биде усвоен договорот на Меј.

Велика Британија би требало да ја напушти Унијата на 29 март.

Share.