ТЕРА

REKLAMA???

МЖСПП: ЗАСИЛЕНИ АКТИВНОСТИ ОД ОПШТИНИТЕ ЗА ПОЧИСТ ВОЗДУХ ВО ПОСЛЕДНАТА НЕДЕЛА ОД ЈАНУАРИ

Согласно обврските од Акцискиот план со краткорочни мерки за чист воздух за грејната сезона 2024-2025г., општините Охрид, Битола, Штип, Тетово, Прилеп, Гази Баба, Кисела Вода, Струмица и Крушево доставија извештаи за реализирани активности за периодот од 27ми до 31 јануари 2025 година. Ја пренесуваме збирната информација на Министерството за животна средина.

Во  Битола нема горење на отпад на отворено, и тие што се сметаат за најголеми прекршители – автосервисите, нема согорување на отпадно масло. Ова го говори најновиот извештај на битолските инспекциски служби  за јануари испратен до Министерството за животна средина и просторно планирање. Информацијата од Министерството вели „Инспекциските служби на Општина Битола во втората половина на јануари извршиле контролни надзори во три инсталации со Б дозволи, и ги задолжиле да преземат мерки за сведување на емисиите во воздух во законски дозволените граници. Во моментот се чекаат резултати од нови мерења. Исто така се извршени надзори во 11 автосервиси за постапување со отпад и не е констатирано согорување на отпадно масло и со истото се постапува согласно закон: привремено е безбедно складирано и се предава на овластени субјекти. При континуираните контроли комуналните инспектори не констатирале горење на отпад на отворено.“

Општина Прилеп во текот на наведената седмица, спровела 5 инспекциски надзора, од кои 4 се автосервиси, а еден е кај правен субјект што врши ископ на мермер. Кај автосервисите се извршени мерења на емисии од стациониран извор.

Општина Крушево акцентот го ставила на зајакнати акциски контроли на техничката исправност на возилата кои учествуваат во сообраќајот на патиштата со акцент на издувни гасови, особено на оние со дизел горива, тешки товарни возила и нерегистрирани возила.

Инаку, информацијата за аерозагадувањето во државава и специфично во Битола од синоќа говори дека загадуавњето во градот и околината е намалено.  Тера објави дека „Според податоците од мерната станица на Министерството за животна средина лоцирана во центарот на Битола, вечерва во 23:00 часот е регистрирано многу ниско загадување со МП2,5 честичките и средно загадување со МП10 честичките. Во истото време мерната станица во индустрискиот дел на Битола измери ниско загадување со МП2,5 честичките.

Во останатите градови во Македонија загадувањето е многу ниско, ниско или средно, а високо загадување е регистрирано само во Струмица.“

Денеска податоците го говорат сличното, функционалната мерна станица вели дека степенот на загаденост во градот е на ниско ниво.