КК Пелистер – МЗТ Скопје Аеродром 79-88
Кошаркарите на Пелистер го претрпеа вториот домашен пораз во Суперлигата, откако попладнево во прекрасен амбиент и пред две навивачки групи, поуспешни од битолчани беа кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром со 79-88. Пелистер настапи без казнетиот Бобан Стајиќ и тоа видно се почувствува во играта на екипата на Илиевски.
Крстајиќ и Малешевиќ со по 17 поени беа најефикасни во битолскиот состав.
Следниот петок почнува полуфиналната серија од плеј-офот, а противник на Пелистер ќе биде Еуро Никел 2005 од Кавадарци. Предноста на домашниот терен ја има битолскиот тим, а се игра до две победи.












