ТЕРА

REKLAMA???

МЗТ СКОПЈЕ И ПЕЛИСТЕР ПАРИЧНО КАЗНЕТИ ЗАРАДИ ОРГАНИЗАЦИОНИ ПРОПУСТИ ВО ДЕРБИТО

МЗТ Скопје и Пелистер парично се казнети од страна на Комесарот за натпреварување на КФСМ, и тоа поради неспортското однесување и инциденти кои ги имаше на дербито во нашата елитна кошаркарска лига.

Скопскиот клуб е казнет со 18.000 денари а гостите од Битола со 8.000 денари. Двата клуба се казнети со по 8.000 денари поради неспортско навивање на нивните фанови, а МЗТ Скопје дополнително е казнет со уште 10.000 денари поради палење на чадна бомба во публика. Така пишува во образложението.

Кошаркарот на Пелистер, Никола Малешевиќ е казнет со 12.800 денари поради техничката грешка која ја заработи за приговор на судиите.