Мигрантски караван се движи кон САД

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Претседателот Доналд Трамп изјави дека САД „ќе започнат со кратење или значајно намалување” на обемот на странска помош за Гватемала, Хондурас и Ел Салвадор, истакнувајќи дека не можеле да ги запрат мигрантите да заминат од нивните земји и „нелегално да дојдат“ во САД.

Неговите коментари на Твитер во понеделникот, следат откако група од неколку илјадници мигранти, главно од Хондурас, ја поминаа ноќта во мексиканскиот град Тапачула продолжувајќи го патот кон САД, подалеку од она што тие го наречуваат насилство и сиромаштија во нивните земји.

Трамп рече: „Тажно, изгледа дека полицијата и војската на Мексико не можат да го спречат караванот кој се движи кон Јужната граница на САД. Во него се измешани и криминалци и непознати лица од Блискиот Исток. Имам предупредување од граничната патрола и војската дека ова е национална итна состојба. Мора да ги промените законите!“.

Share.