Мизрахи: Таблата е наследена и не постои стара и нова табла

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Техничката министерката за труд и социјална политика, Рашела Мизрахи преку изјава од Крушево реагираше на прес-конференцијата на министерот за внатрешни работи, Никола Димитров, кој побара таа да биде разрешена оти ја симнала таблата од МТСП со што предизвикала рееакција од Грција.

„Јас, не ја игнорирам реалноста, но нема да дозволам создавање на нова реалност. Демократско право, но и морална обврска на секој граѓанин е кога ќе види неправда и да реагира по истата.
Таблата е наследена и не постои стара и нова табла. Постои само една табла во Министерството за труд и социјална политика.

Во меѓувреме треба да и заблагодариме на вицепремиерката за економски прашања, заради тоа што не ја сменила таблата и со тоа длабоко во себе препознава дека ова е Република Македонија и ова е македонски народ“ вели Мизрахи.

 

Share.