ТЕРА

REKLAMA???

МИЛЕВСКИ: АРОГАНЦИЈАТА И ИРОНИЈАТА КОГА СТАНУВА ОДЛИКА НА ЕДНА ПАРТИЈА Е МНОГУ ЛОШО

Деновиве битолската СДСМ на својот Фејзбук профил, сподели објава на младината на партијата, со фотографија искористена од објавата од средба во битолски Водовод.

„Ароганцијата и иронијата кога станува одлика на една партија тоа е многу лошо“ вака возврати директорот на „Водовод“ Пеце Милевски, на објавата на СДММ.

„Кога младите луѓе во таа партија, на ваков начин се занимаваат со деградирање, манипулации и клевети тогаш е уште полошо. Јас се сеќавам во времето кога се исмејуваат со индустриската зона „Жабени“, кога се сликаа и велеа дека тука нема да има ништо, кога кажуваа дека тука ќе биде пусто поле и ниви, но на ист начин се обидуваат сега, да ја дефокусираат битолската јавноста, со одредени такви потези, неполитички и ниски. И малку е срамно и жално што се уште има такви политички потези, посебно од млади луѓе или од локалниот клуб на СДММ.

Сакам да кажам дека исмејувајќи ја индустриската зона „Жабени“ во која што на времето велеа дека нема да има ништо сега таму има инвестиции, таму работат луѓе, се хранат 6500 граѓани на Битола и од таму егзистираат многу семејства од Општина Битола, па и пошироко.

Но, исто така навредливо е и за гостите кои што се потрудиле да не уважат, да не почестат со таа средба, со кои градиме соработка, а меѓународната соработка, прекуграничната соработка е многу важна, но ова пак ќе речам, покажува како се однесуваме кон нашите пријатели со кои што треба да градиме пријателство, а не од нив да правиме ситуации со кои ќе ги навредиме или ќе испаднат смешни“ вели Милевски.