Милевски бара да не се затвора ски-центарот Копанки

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Пратеникот од ЛДП Горан Милевски преку својот Facebook профил побара да не се затвора ски-центарот Копанки. Еве што напиша на неговиот профил.

„Тоа што за директорот на ЕЛЕМ е трошок, за жителите на Битола е здравје. Како пратеник на ЛДП и битолчанец жестоко ја осудувам и отфрлам одлуката на генералниот директор на ЕЛЕМ, Драган Миноски да го затвори ски центарот “Копанки” поради како што објавиле топење на снегот, што е класична измама и секој кој уживаше на патеките на Копанки овој викенд знае дека тоа не е вистина. Дополнително 15 луѓе поради оваа неразумна одлука ќе останат без своите работни места. И јавно од ЕЛЕМ барам да ја преиспита одлуката и да го отвори ски центарот “Копанки” бидејќи здравиот живот и спортувањето е единствениот одговор на загадувањето од РЕК Битола.Затоа ЛДП уште еднаш ја афирмира својата програмска определба од 2011 година седиштето на ЕЛЕМ да се префрли во Битола“ напиша Милевски.

Тој како доказ за она што го зборува постираше и видео од ски патеката и вели дека најавите за нови врнежи од снег ја правеле оваа нивна одлука дури и смешна, вели тој.

 

Share.