ТЕРА

REKLAMA???

МИЛЕВСКИ: ВМРО ДПМНЕ БЛИСКУ И СЕКОГАШ ДО ГРАЃАНИТЕ

„ВМРО ДПМНЕ блиску и секогаш со граѓаните“, вели претседателот на ОК на ВМРО ДПМНЕ Битола, Пеце Милевски по средбата која се одржа во партиските простории во Битола.
Тој информираше за активностите кои ќе следуваат за средби со граѓаните, со кои како што рече имаат исти проблеми, ги мачат исти маки и заедно да ги бараат решенијата.
Ќе имаат и состаноци со месните комитети и координаторите на избирачките места, односно тимовите.
Милевски вели дека секој е важен за судбината на Македонија и иднината на нашите деца, особено како што додава, дека постои големо антивладино расположение кај граѓаните поради неуспесите и погрешните политики на власта на СДСМ.