ТЕРА

REKLAMA???

МИЛЕВСКИ ЗАМИНА ОД МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЛОКАЛНА САМОУПРАВА

Министерот Горан Милевски вчера и официјално го напушти кабиентот во Министерството за локална самоуправа, откако претходно, како што соопшти од лични причини даде оставка на финкцијата.

„Го поминав последниот работен ден во Министерството за локална самоуправа.

Благодарност до сите вработени, до мојот тим и кабинет што несебично се вложија во реализација на сите процеси и проекти кои ги започнавме и имплементиравме заедно во изминатите три години.

Докажавме дека може да се работи чесно посветено и одговорно во служба на граѓаните.

Оставам добри пријатели во ова Министерство. На сите ним им посакувам здравје и успех во иднина.

Дел од проектите и заложбите кои ги започнавме остануваат да се реализираат во периодот што следи од новиот министер“ напиша Милевски на својот Фејзбук профил.