ТЕРА

REKLAMA???

МИЛЕВСКИ: МАКЕДОНИЈА ПОВТОРНО ЌЕ БИДЕ ВО РАЦЕТЕ НА ГРАЃАНИТЕ

Конструктивна средба со нашите коалициони партнери, вели претседателот на ОК на ВМРО ДПМНЕ Битола, Пеце Милевски, кој е кандидат за пратеник.

„Соработката ја продолжуваме и сигурни сме дека нашите заложби ќе ја направат Македонија повторно горда. Македонија повторно ќе биде во рацете на граѓаните“, вели Милевски.

Милевски вели дека треба треба да веруваат во соништата на младите и заедно да се борат за нивно остварување.  „Тие се вечната енергија, иднина и траење“  рече тој за денешната средба со младите на Широк сокак.

Тој, Сајкоски и другите кандидати за пратеници го честаа и големиот празник Благовештение!

„За многу години! “Денес е почетокот на нашето спасение и објавувањето на тајната од вековите…“, се вели во тропарот. И навистина Благовештението е почеток на сите Господови празници, означува „добра вест“ „блага вест“, благоизвестие за најголемата и најрадосната вест во историјата на човештвото, за спасението на човечкиот род, коешто се изврши преку Воплотувањето на Синот Божји во утробата на Дева Марија“ напиша Милевски.

Денеска на Магнолија здружението Ромска ѕвезда го одбележа меѓународниот ден на Ромите – ден на прослава на ромската култура и подигање на свеста за проблемите со кои се соочуваат Ромите.

„И овој пат заедно и овој пат силна поддршка за унапредување на правата на Ромите, како еднакви членови на заедницата во која ги делиме истите предизвици“ вели Милевски.