Милевски на средба со битолските стопанственици

Кандидатот за градоначалник на коалицијата ОДЛУЧНО, Горан Милевски, денес оствари средба со голем број стопанственици, од најразлични сектори, на кои беше разговарано за проблемите кои ги има приватниот сектор.

Приватниците, ги истакнаа проблемите кои се однесуваат на нивната работа и понудија неколку решенија и искажаа спремност активно да се вклучат во процесот на наоѓање на решенија.

Милевски истакна дека е спремен да формира економски совет, кој ќе помага во работата, ама тоа да не е тело кое еднаш и два пати ќе се среќава во четири години, туку редовни средби со цел да се изнајдуваат најдобрите решенија. Секоја област треба да се препушти на професионалците и нивните концепти и идеи за развој на градот мора да се почитуваат, соопштија од ОДЛУЧНО.

Сподели