Милевски: Поддршката за спортот ќе продолжи

Кандидатот за градоначалникот Горан Милевски, од коалицијата ОДЛУЧНО, денес оствари средба со претставници на ракометниот клуб Еурофарм Пелистер.

Милевски истакна дека поддршката на спортските брендови ќе продолжи, Битола мора да биди спортски град и најави низа вложувања во подобрување на спортската инфраструктура.

Комуникацијата меѓу Општината и клубот мора да се подобри, и  да се најде начин да се зголеми буџетот, а тоа се надоврзува на еден од постулатите на Милевски а тоа е отвореност и комуникација со приватниот сектор. Силни спортски екипи ќе бидат приоритет од првиот ден на Горан Милевски во градоначалничкиот кабинет, рекоа од коалицијата ОДЛУЧНО.

Сподели