Собранието на Македонија jа започна седницата за избор на новата влада, предложена од Христијан Мицкоски, мандатар и претседател на ВМРО-ДПМНЕ.
Пратеникот од Битола од ВМРО ДПМНЕ, Пеце Милевски вели дека од денес со седницата за избор на новата Влада, започнува институционалното закрепнување на Македонија.
„Промените се започнати, а граѓаните со огромна поддршка одлучија дека се неопходни.
Лицемерно и одраз на вистинската хипокризија во редовите на досегашните властодршци е се што се обидуваат да кажат од говорницата.
Седум години се им кажавте на граѓаните и Македонија ги почуствува на својот грб вашите “знаења” и “умеења”!
Следуваат денови на обнова на Македонија“, вели пратеникот Милевски.












