ТЕРА

REKLAMA???

МИЛЕ СПИРОВСКИ ДОБИТНИК НА НАГРАДАТА ЗА ЖИВОТНО ДЕЛО ВО ТУРИЗМОТ 

По повод 27 септември-Светскиот ден на туризмот кој се одржа под мотото „Rethink Tourism“, министерот за економија Крешник Бектеши на 20-тина истакнати туристички работници им додели признанија за животно дело во туризмот. Такво признание доби Миле Спировски од ТА „Турист“ – Битола.

Признанието за животно дело Спировски го добива за исклучителен придонес во развојот на туризмот, афирмација и промоција на Македонија во меѓународен план. 

Министерот за економија рече дека туризмот во последниве години се соочува со многу предизвици и потребно е заеднички да преземеме понатамошни чекори за да го вратиме туризмот на местото кое го заслужува. Туризмот е и ќе биде приоритет на Владата бидејќи сме свесни дека е една од најважните гранки во економијата на нашата држава, рече Бектеши.