Милитантна вооружена група испрати ултиматум до владите на Косово и Албанија

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Вооружена екстремистичка група, која се претставува како Албанска национална армија, постираше видео во кое од албанската влада бара „да не се тргува со територии“.

На снимката има петмина маскирани мажи, облечени во црно со албански обележја. Тројца стјат со пушки, четврти држи знаме, додека петти го кажува текстот на албански. Видеото на Твитер го постираше холандскиот новинар Винсент Триест, кој работи во Албанија и сѐ превел на англиски.

„Бараме од политичарите да прекинат да продаваат или тргуваат со територии за свои лични интереси. Треба да ја притиснеме политички и економски Грција да го повлече воениот закон (со Албанија). Треба директно да го протераме поглаварот на албанската православна црква (Грк). Мораме директно да ги сопреме разговорите за трговија со територии на Северна Митровица и Прешевската долина“, порачува маскиранито екстремист на снимката.

Во неколку други постови новинарот Триесте објасни дека станува збор за малцинска екстремистичка група која повеќето од жителите и политичарите не ја сфаќаат сериозно, но сепак, како што вели, треба да се води сметка за тоа дека тие постојат и дека лесно, со уште тренинг и набавка на дополнително оружје, би можеле да станат сериозна закана.

Тој забележува дека ова е прва таква порака за можната размена на територии, како можно решение на косовското прашање, но дека мажот на снимката зборува со јасен јужноалбански акцент, додека до сега екстремистите на АНА се обраќале со косовски акцент.

mkd.mk

Share.