Милица и Томе прославија 70 години брак

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Во деветата деценија од животот после 70 години во брак 95 годишната Милица и 96 годишниот Томе Мицевски од Битола статистички се најстариот пар во Македонија. Во присуство на најблиските роднини и пријатели со прослава ја одбележаа нивната Дијамантска свадба. И двајцата биле просветни работници се запознале работејќи, го запрашавме Мицевски која е тајната на долгиот живот.

Мицевски истакна дека во староста уште повеќе си требаат еден на друг и љубовта помеѓу нив била многу поголема за разлика од периодот кога се запознале.

Неговата препорака за младите парови е да се организираат онака како што самите сметаат дека им е најдобро.

Честитки од екипата на Тера Телевизија.

Share.