Министерот вети дека ќе го обезбеди лекот за младиот битолчанец

0
2867

Министерот за Здравство вети дека ќе го обезбеди лекот за момчето од Битола   кој што е еден од пациентите во Македонија со ретки болести, се бори со состојбата наречена мукополисахаридоза. Министерот потврди дека лекот е веќе внесен во планот на набавки за оваа година, иако не прецизираше кога точно ќе му биде достапен на малиот пациент 14 годишното момче од Битола.

-Тој лек за прв пат се обезбедува во нашата земја, веќе влезе во планот за набавка за оваа година, а таа дијагноза за прв пат се најде во регистерот за ретки болести, рече Венко Филипче, министер за здравство.

Неговата баба Славица Стојановска преку медиумите упати апел до надлежните да го обезбедат лекот за нејзиниот 14 годишен внук, кој веќе девет години го чека. Лекот кој што на момчето му е достапен во моментот е лек кој што, како што рече бабата, делувал на дел од органите, но, не и на мозокот.

– Со лекот се подобрува состојбата на органите, бидејќи со оваа болест мукополисахаридите се наталожуваат во органите, доаѓа до зголемување на органите и до смрт. Во исчекување сме да се испита уште еден нов лек, зашто постоечкиот не делува на мозокот и детето е без свест. Чекаме резултати за новиот лек кој преку рбетниот столб се става и оди директно во мозокот, рече Славица Стојановска.

За состојбата на детето бабата Славица Стојановска јавно преку медиумите побара помош од држвата на настот што се одржа во Битола по повод денот на ретки болести а го организираа Здружението „Живот со предрасуди“ и Хепар центар од Битола.