Министерот за правда Билен Саљиjи поднесе оставка

0
418

Министерот за правда Билен Саљији вечерва поднесе оставка на функцијата. На вечерашната прес-конференција, тој рече дека причина за неговата оставка е од морални причини по разнишаната доверба во судството, откако пред неколку дена обвинителството го преквалификува обвинението во случајот Алмир.

Саљији вели дека довербата во судството почнала да се враќа преку случаите „Сопот“ и „Монструм“, но во овие моменти, тој смета дека довербата е разнишана.

„Јас како прв човек во Министерството за правда, поради разнишаната доверба кај граѓаните, чувствувам морална обврска да дадам оставка од функцијата министер за правда, не како акт на неуспех, туку како акт кој ќе биде во правец за будење на свеста на иниституциите и општеството“, вели Саљији. Според него, најмалата давијација може да донесе непоправливи последици, а најважна во процесот на реформите е довербата на граѓаните.