ТЕРА

REKLAMA???

МИНИСТЕРОТ НИКОЛОВСКИ ЗА ПРОТЕСТОТ НА ОВОШТАРИТЕ ВО ПРЕСПА

Проблемот за кој протестираат овоштарите е наследен од претходната Влада уште од 2016 година, кога поради лошите законски решенија предизвикан е правен проблем за исплата на настанати штети, велат од Министерството за земјоделие.

Според Николовски, на последната владина седница, во вторникот, се усвои збирниот извештај кој опфаќа 29 општини и се утврдија 10 отсто за обесштетување.

Износот на штета што ќе биде исплатена е 300 милиони денари. На следната седница Министерството за финансии е задолжено да ги подготви одлуките за исплата и парите да бидат префрлени на оштините, а оттука и на апликантите кои имале штети. Во овој збирен извештај е опфатена и Општина Ресен. Верувам дека средствата ќе бидат исплатени во најбрз можен рок. Се што требаше, Владата направи, нагласи министерот за земјоделие, Љупчо Николовски.

Тој рече и дека извршена е измена на два закони и уредби со цел да се овозможи yслови владината комисија да може да постапува по предметите. Владата ја усвои и Информацијата за проверка на податоците за настанати штети, со што се затвори процесот пред финалната одлука за обештетување на граѓаните во 29 општини во висина од 10% од вкупно проценетста штета која изнесува 2,2 милијарди денари. На овој начин Владата овозможи услови за обештетување на 9.017 граѓани по различни основи, од кој најголем дел се земјоделци.