Министерот Спасовски во Битола на трибина за НАТО

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Инфо центарот за евроатлантски интеграции продолжува со организацијата на НАТО Караванот низ неколку градови во државата.

Во рамките на караванот во секој град во ист ден се оддржуваат по неколку настани. Овие настани им нудат можност на граѓаните да дознаат повеќе за процесот и важноста од евроатлантските интеграции на Република Северна Македонија, како и улогата која НАТО ја има во одржувањето на мирот и безбедноста на Балканот и пошироко.

Денеска НАТО Караванот е во Скопје и Битола.

Во Битола ќе се оддржи панел дискусија на тема: „Безбедносни придобивки и предизвици за Северна Македонија од членството во НАТО”  од 19 чаот во салата на општина Битола.

Говорници на истата ќе бидат Оливер Спасовски, Министер за внатрешни работи и  Дирк Јан Коп, Амбасадор на Кралството Холандија.

Share.