Министерот Чулев во посета на Битола

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев денеска беше во посета на СВР Битола. Тој информираше за моменталната ситуација со пасошите, односно дека Комисијата продолжува со работа, а првата пратка со патни исправи се очекува да пристигне пред 24 март.

-На дводневна основа се разгледуваат сите барања за приоритетно издавање, се прави селекција, на сите граѓани за кои Комисијата одлучила дека имаат приоритет во издавање патни исправи уште наредниот ден им се издаваат, а сите оние кои не ги исполнуваат строгите услови кои ги пропишала Комисијата се оставаат настрана, но тие ќе имаат приоритет, веднаш после пристигнување на првата пратка веднаш нив ќе им бидат издадени. Очекуваме многу порано од рокот 24 март да пристигне првата пратка со патни исправи, имаме најави за недела до десет дена дека ќе пристигне првата пратка и со тоа би се релаксирала состојбата со патни исправи, изјави Наќе Чулев, министер за внатрешни работи.

На средбата министерот беше информиран за состојбата на криминалитетот и процентот на откриени кривични дела поединечно по вид на кривично дело на територијата на СВР Битола.

-Има подобрување во процентот на откривање кривични дела, од сите аспекти, освен во делот на опожарени возила. Во тој дадовме инструкции да се преземат поинтензивни оперативни активности, со цел превенција и спречување на овој вид кривичи дела. Паралелно со тоа разговаравме за престојните парламентарни избори и беа дадени насоки за преземање широк спектар мерки и активности за спречување на сите видови изборни нерегуларбости на подрачјето на СВР Битола. Посебно беше акцентиран поткупот на социјално-ранливи категории, пред се на ромската популација, луѓето кои живеат во руралните населби и луѓето со ниски примања. Исто така  агитација на денот на избирачките места, групно гласање и сите други видови изборни нерегуларности со цел да имаме еден фер и демократски процес, истакна Чулев.

По однос на делот со опожарените возила, кривичните дела се претежно на територијата на ОВР Прилеп, која е дел од СВР Битола, се работи за поединечни случаи, а не за организирана криминална група.

Share.