Министерство за транспорт и врски се оградува од чочекот, Актор го организирал

0
532

Министерството за транспорт и врски се оградува од активностите на автопатот Демир Капија-Смоквица каде по повод пуштањето во употреба вчера беше организирана веселба со жива музика и чочек. Од Министерството велат дека не се организатори на овој настан.

„Во однос на информациите објавени по електронските медиуми и социјалните мрежи а кои се однесува на некаква забава на делови на автопатот Демир Капија-Смоквица, сакаме да појасниме дека Министерството за транспорт и врски се оградува од секаква активност поврзана со овие информации. Исто така сакаме да Ве информираме дека ниту Министерството за транспорт и врски ниту друга државна институција не е организатор на било каква забава“, велат од Министерството на Горан Сугаревски.

Грчката компанија Актор, која ја градеше делницата, признаа дека тие ја организирале прославата, се извинија ако погрешно биле разбрани.

„Настанот започна во кампот во Демир Капија и во тунелот и траеше кратко време. Целиот настан беше организиран од АКТОР. Во него учествуваа вработените, супервизорите и добавувачите од земјата. Сите луѓе дојдоа со автобус организирани од АКТОР. Сите гости отидоа со автобус од кампот во тунелот и по кратко време се вратија назад во кампот за да продолжат. Се извинуваме ако ова беше погрешно разбрано“, стои во реакцијата од АКТОР за порталот Либертас.