Мирко Ивановски се врати во Романија, потпиша за Динамо Букурешт

Повремениот македонски фудбалски репрезентативец, Мирко Ивановски денеска беше и официјално промовиран како нов член на романскиот гигант, Динамо Букурешт.

Ивановски пред неколку дена беше потврден како ново засилување за составот од Букурепт, но се чекаше да се тргне забраната за трансфери, и официјално да стане дел од новиот клуб.

Напаѓачот кариерата ја почна во Пелистер, а потоа играше за Македонија ЃП, Славија Прага (Чешка), Арка Гдиња (Полска), Видеотон (Унгарија), Болуспор (Турција), Славен Белупо, Хајдук Сплит (Хрватска) и ДВТК (Унгарија).

Сподели