ТЕРА

REKLAMA???

МИРЧЕСКИ СО РЕШЕНИЕ НА МИНИСТЕРОТ НАЗНАЧЕН ЗА НАЧАЛНИК НА СВР БИТОЛА

Со решение на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, на работно место началник на СВР Битола е назначен Сашо Мирчески.

Мирчески раководеше со СВР Битола и за време на тегхичката владата, а одговорен е освен за полицијата во Битола и за таа во Прилеп, Ресен, Демир Хисар, Македонски Брод и Крушево.

Сашо Мирчески е роден  1974 година, завршил средно техничко училиште, а потоа продолжил на Факултетот за безбедност. Веќе 24 години работи во битолската полиција, од кои последните години е главен испектор за разузнавање во отсекот за криминалистичко-разузнавачка аналитика.