ТЕРА

REKLAMA???

МИТРЕВСКА СИ ПОДНЕСЕ НЕОТПОВИКЛИВА ОСТАВКА

Директорката на детската градинка „Естреја Овадија Мара“, Лидија Тфирст Митревска преку информација до медиумите ја информира јавноста дека си поднесе неотповиклива оставка на директорското место.

„Со оваа моја изјава сакам да Ве информирам, а преку Вас и граѓаните на Битола, дека денес на 25.06.2024 година, до Управниот Oдбор на детската градинка „Естреја Овадија Мара“ и Градоначалникот на Општина Битола, доставив моја неотповиклива оставка на местото директор на градинката.

Оставката ја поднесувам според сопствената совест и во духот на плурализмот, а во интерес на оние на кои бев посветена – децата во градинката и нивните родители. Имено,  по последните избори, кога целокупната власт е во рацете на една партија, а партијата која ме поддржа за директор е во опозиција, нема да постојат услови за нормално функционирање на градинката и функционална соработка со институциите.

Им благодарам на сите со кои соработував во изминатиот период како директор на градинката и ú посакувам на градинката успешно да работи и понатаму“ пишува таа во својата оставка.