Митревски: Дали еден, дали десет гола, победа си е победа!

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Никола Митревски на фантастичен начин го отвори Европското првенство, откако со 14 одбрани беше еден од најзаслужните за победата над Украина од минимални 26-25.

По натпреварот во Виена, голманот  истакна дека Украинците одиграа како што се очекуваше и да не беше нашиот пад на концентрацијата во неколку наврати сигурно ќе славевме со повисока разлика.

„Цел натпревар имавме водство, мислам дека заслуживме повисока победа. Но, во периоди имавме пад на концентрацијата, го испуштивме водството од пет гола разлика и дозволивме противникот дури ни израмни. Украина одигра како што очекувавме и да не беше тој наш пад мислам дека натпреварот, немаше да биде неизвесен.

Но, победа си е победа, без разлика дали е еден или десет гола“, рече Митревски.

Зоран Мишевски

 

Share.