СДСМ и Коалицијата покажа на дело што значи негување и промовирање на демократијата, на човековите права, на слободата, рече на денешната промоција на кандидатите за пратеници и промоцијата на програмата на СДСМ и Коалицијата „Програма за европска иднина“, Јован Митрески, носителот во петтата изборна единица.

„Го вративме дијалогот, ги залечивме раните од 2017 година и продоложивме напред. Реформите веќе никој не може да ги блокира. Постигнавме прогрес, воспоставивме систем кој почна да дава резултати. Не чека уште многу работа. Нема да им да дозволиме на оние без визија, без план и без идеја повторно да не вратат децении назад. Продолжуваме напред, да ги донесеме европските вредности и стандарди дома“ рече тој.
Митрески нагласи дека институциите ќе ги доближат до граѓаните, ќе се формираат „Мобилни канцеларии“ наменети за руралните средини.

„Институциите ќе ги доближиме до граѓаните. Планираме формирање на ‘Мобилни канцеларии’, посебно наменети за руралните средини. Услугите за граѓаните ќе бидат подостапни и со помалку трошоци“ рече Претседателот на Собранието и носител на ИЕ5, Јован Митрески.
Тој додаде дека изминатиот период е постигнат напредок и направено е многу, но и дека е воспоставен систем кој почнува да дава резултати.

„И тоа во сите области, а што е најважно во делот на демократијата, човековите права, но и во однос на животниот стандард. Но тоа не е доволно. Не чека уште многу работа. Не смееме и нема да им да дозволиме на оние без визија, без план и без идеја повторно да не вратат децении назад“ рече Митрески.
Претседателот на Собранието рече дека мора да се продолжи напред по зацртаниот пат и да се донесат европските вредности и стандарди дома.

„Како Македонци, со свој македонски идентитет, со свој македонски јазик, култура и посебност да влеземе во европското семејство“ рече Митрески.
Тој рече и дека неопходни се реформи во правосудството, а место ќе има само за најквалитетните судии и обвинители.
„Владеењето на правото е наш врвен приоритет. Реформите во правосудниот систем се неопходни, место ќе има само за најквалитетните судии и обвинители, кои ќе бидат професионалци со интегритет“ рече тој.
Тој додаде дека членовите на Судскиот совет, од фелата на истакнатите правници ќе се бираат со јавен избор и ос учество на претставници од граѓанскиот сектор.

„Справувањето со корупцијата ќе го зајакнеме и преку дигиталната трансформација на општеството. Преку дигитализацијата ќе работиме и на зајакнување на целиот систем, со исклучување на субјективниот фактор во процесите. Дигитализацијата е процес кој нема алтернатива. Мора да бидеме во чекор со технолошкиот напредок, со цел да обезбедиме ефикасни, брзи и квалитетни услуги за граѓаните и деловните субјекти“ рече Митрески.
Тој додаде дека преку дигитализацијата ќе се подобри и квалитетот на административната служба, а со новата програма се предвидува и оптимизацијата на државната управа и намалувањето на бројот на управните одбори и нивните членови, како и намалување на институциите кои се поклопуваат во надлежностите со цел намалување на трошоците.

Денес ќе ги чуете ветувањата на СДСМ и на Коалицијата за европска иднина. Во наредните денови ќе слушате и многу други ветувања. Повеќе од јасно е дека нема да сте сигурни кој може да го исполни своето ветување, и дали овие ветувања се реални или не. Треба едно нешто да запомните: без целосен, посветен, силен и континуиран фокус на европскиот пат и членството во ЕУ, ниту една програма не може целосно да се исполни – рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на денешната промоција на новата „Програма за европска иднина“ и кандидатите за пратеници на СДСМ и Коалицијата за европска иднина.

Парите и инвестициите нема да паднат од небо. Инвеститорите ќе дојдат ако гледаат европска иднина во Македонија. Ќе дојдат ако Македонија е целосно посветена на европскиот пат и ако работи да се оствари целта. И ако работи да се оствари сега и веднаш, а не со одложување од нови 11 години. Затоа кога ќе ги споредувате програмите, треба да ги гледате низ призмата на тоа кој може најбрзо да ја приближи Македонија до ЕУ. Тоа ќе биде најкрупната работа што ќе одреди дали некое ветување или сите ветувања може да бидат исполнети или не. – рече Ковачевски.

За нашите ветувања, можам со сигурност да кажам дека се амбциозни, но се реални и остварливи, затоа што ние сме посветени на европскиот пат, ние знаеме дека немаме друга алтернатива. Знаеме дека со напорна рабпта, нема недостижна цел. Ние нема да се откажеме од подобра, европска иднина за земјата. Нема откажување од иднината! – рече Ковачевски на денешната промоција на новата „Програма за европска иднина“ и кандидатите за пратеници на СДСМ и Коалицијата за европска иднина.













